Почна Прилепското културно лето

Од:

Со изложба на слики на Павле Кузманоски од Тетово синоќа во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, беше означен почетокот на Прилепското културно лето.

Претставени се 23 дела, слики од Павле Кузманоски од Тетово. Сликите се дела од циклусите на уметникот: „Пријатели“, „Традиција“, „Искуство“, „Сведоци“ и „Автопортрети“.

– Со оваа изложба Центарот за култура ја започнува традиционалната културна манифестација „Прилепско културно лето“, која ќе трае до 4 септември, нагласи директорот на оваа национална установа, Тони Чатлески.

– Во рамките на културното лето ќе се одржат концерти, изложби, промоции на книги, меѓу кои ликовната колонија „Дрен“, која почна на 3 и се одржува до 20 јули. Ќе настапат фолклорни друштва од земјава и странство, ќе се одржи манифестацијата Балкански фолклор, ќе се промовира најновиот број на  списанието „Стремеж“. Културното лето опфаќа 30 културни настани, вели Чатлески.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање