ВИДЕО: Администрацијата треба да е во служба на граѓаните, а не послушно гласачко тело

Од:

Администрацијата треба да е во служба на сите граѓани, без разлика кој е на власт. Република Македонија денеска се соочува со пренатрупана, партизирана и и недоволно стручна администрација која е под притисок на партијата на власт. Бројката треба да се намали, но не да се оштетат чесните и способни јавни службеници.

Ова се само дел од коментарите поврзани со јавниот сектор кои на вчерашната дискусија насловена „Државна администрација – служба на народот или служба на фамилијата?” во Кампот на слободата пред Влада со граѓаните ги псоделија професорот Темелко Ристовски и  поранешен генерален секретар на Агенција за државни службеници Методија Димовски. Модератор на дебата беше претседателка на Комисија за информатичко општество и администрација на СДСМ Цветанка Иванова.

-Во Република Македонија отпочната е реформата на администрацијата од 1999 година. Не треба некоја посебна анализа да се констатира дека наместо реформи во јавната администрација, ние практично сме се вратиле многу назад. Сите овие изминати повеќе од 15 години, наместо да ја реформираме администрацијата да биде во служба на граѓаните, се соочуваме во процес на уназадување, со препораки на Европската Комисија каде што јасно , без дипломатски речник ни нотираат дека администрацијата е силно партизирана, нетранспаретна, и под постојан притисок од партијата на власт.

Имаме ситуација  во администрацијата кога на работа наместо најподготвените, се примаат луѓе кои се партиски поданици, од тефтерчето на Гордана Јанкулоска, рече Иванова.

Според поранешен генерален секретар на Агенција за државни службеници Методија Димовски проблем е што државата е најголем работодавч во Македонија. Тој смета дек аслужбениците не знат што е нивната функција денеска, а не се ни свесни дека треба да ги одбијат нападите од политичарите.

-Политичарите имаат  тенденција да ја задржуваат контролата на администрацијата. Две последици се резултат на оваа политизација. Првата е депрофесионализација и второ превработеноста.Службениците кои денеска работат не можат да разберат што е нивната функција, не се свесни дека треба да ги одбијат тие напади од политичарите. Ние имаме страшно голема администрација. Бројките се толку нејасни, јас оперирам со некои шпекулативни бројки од 200 000 во јавниот сектор во цела држава. Значи државата е најголем работодавач, рече Димовски.

Според универзитетскит професор Темелко Ристески,  администрацијата во текот на скоро децениското владеење на владејачката гарнитура  е пополнувања со партиски кадри, без притоа да се води сметка за нивната стручност и нивните морални квалитети.

-За да си обезбеди што е можно побројно гласачко тело, власта со години вработуваше нови кадри, не водејќи ни малку сметка за самит епотреби на органите за администрацијата. Вработените примаат плата од буџетот, а малку работат продуктивно. Уште полоша е појавата на вработување, а притоа вработениот да седи дома и да зема плата. Со таквите вработувања се врши злоупотреба на службената положба, што претставува кривично дело против службената должност.

При приемот на кадри воопшто не се водеше смета за уставното начело за еднаква достапност на работните места и јавните функции и наместо со примена на тоа начело да се примаат способни, стручни и одговорни  кандидати за административната служба, се примаат членови на владејачките партии и нивните блиски.  Ако власта сака да гради ефикасна администрација под итно треба да го примени системот на заслуги, па да ги прима на работа во органите на управата само најспособните, најискусните и етнички најподобните кандидати. Од оваа власт, тоа не може да се очекува никогаш. На неа и треба верно и послушно гласачко тело, а тоа тело ќе биде толку поверно, колку што е посоставено од понеспособни административни службеници, смета Ристески.

Во однос на законот за јавните службеници и законот за вработените во јавниот сектор, присутните на сидкусијата истакнаа дек аовие закони не ја подобриле воопшто работата на администрација, напротив, добиен е повисок степен на пресија и несигурност во работењето.

-Јас  мора да признаам декa уште не можaм да разберам што сакаат насловите на законите да кажат, но една работа сигурно направија, односно ја укинаа државната служба.  Македонија oд 9. февруари и формално со престанување на важење на Законот задржвни службеници – нема државна служба. Друг проблем што го имаме е што и тој закон не успеа да се избори со вклучување во државната служба на суштествените државни функции. Царината, МВР, Управата за јавни приходи и катасторот се суштествени функции кои беа надвор од корпусот. Зошто ги држеше надвор од корпусот власта овие служби?  Затоа што, од прислушуваните разговори можевме да слушнеме дека тоа беа службите кои беа најмногу изманипулирнаи злоупотрбеени за спроведување наинтересите на владејачката структура. Затоа и не и одговара на оваа владејачка структура да постои професионална и независна, аполитична администрација.

Ние мора да се вратиме на патот на професионализацијата. Не постои друг начин, едноставно ние мора да ја професионализираме администрацијата. Првенствено треба д се смени пристапот кон наградувањето на државните службеници. Мора сите институции да ги вратиме во државната служба, мора  да го преиспитаме системот за наградување, вели Димовски.

– Со Законот за административни службеници, вработените во администрцијата добија правна основа за повисок степен на пресија, на несигурност во работењето, повисок степен на зависност. Новиот закон е една основа за уште понеефикасна администрација. Тој нема да доведе до ефикасност, токму поради овој систем на оценување. Добар познавач на Уставот и законите ќе најде повреда на уставноста и законитоста скоро во секој закон, односно подзаконски пропис.

Најголеми злоупотреби имаме и ќе имаме од оние кои имаат најголема моќ во власта, тоа се највисоките владини функционери. Рибата смрди од главата, рекол народниот мудрец.

Република Македонија не е држава на ВМРО-ДПМНЕ и на другите партии од владејачката структура, треба да се потпираме на способните луѓе и во иднина администрцијата треба да се пополнува со такви луѓе. Само такви луѓе ефикасно ќе ги извршуваат своите работни задачи, посочи професорот Ристески.

На крајот од дискусијата, претседателка на Комисија за информатичко општество и администрација на СДСМ, Цветанка Иванова потсети на стратегиите и плановите на СДСМ за реформирае на администрацијата. Иванова рече дека они кои чесно и совесно си ја вршеле својата работа во администрацијата, не треба да се плашат за своите работни места по менување на власта.

-Став на СДСМ е дека вработените во јавната администрација кои чесно и совесно си ја вршат својата работа ќе си останат на своите работни места. Никој да не ги заплашува, никој да не ги држи на синџирче, никој да не ги уценува. Она што ние ќе го правиме е воведување на регистер на јавни службеници, за да немаме јавна администрација, а тајна бројка. Јавна администрација, стручна и ефикасна во функција на граѓаните. Јавната администрација да го слуша словото на законот и гласот на граѓанинот, само така ќе имаме јавна администрација која ќе ги опслужува граѓаните. Ќе ставиме стоп на административни службеници кои седат дома и примаат плата на грбот на невработените граѓани, ќе направиме ревизија на двата нови закони и ќе ги тргнеме оние замки кои се закана за јвните службеници како што се оценувањето. Ќе го тргнеме оној психолошки испит, затоа што тој е практично за перење пари.  Унапредувањето ќе мора да оди по систем на заслуга, а не по партиска линија, рече Иванова.

Ова е 48. дискусија, откако се поставени шаторите пред Владата на Република Македонија, по големите протести на 17.мај на опозицијата, граѓаните и граѓанските асоцијации, организации и движења, кои бараат оставка од премиерот Никола Груевски и одговорност од целата влада. Секоја вечер во кампот се организираат дебати и обраќања поврзани со актуелната политичка криза во земјава и проблемите во поединечни сектори, а се споделуваат идеи и сугестии како да се надмине актуелната состојба.

Би можело да ве интересира

Почна третото издание на меѓународниот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

Наум Локоски

„Граѓаните за Македонија“ остварија средба со Зоран Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кампери пред Влада: Падна митот за Груевски, непопустливиот

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Дискусија: Домашното производство на струја се намалува, увозот расте тендензиозно

Ана Ололовска

Дискусија: Анализа на состојбите во ЕЛЕМ и МЕПСО пред и после 9-те години на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Дискусија: Дали македонскиот безбедносен систем е во распаѓање?

Ана Ололовска