Почна изградбата на ТАП во Албанија

Од:

Во Албанија денеска официјално почна изградбата на помошни патишта и мостови преку кои ќе минуваат цевките на Трнас јадранскиот гадовод (ТАП).

Свеченоста на почетокот на работите беше одржана во местото Потом кај Черовода.

Премиерот Еди Рама во обраќањето оцени дека овој проект е еден од најголемите инвестиции реализирани во земјата и претставува нова перспектива за Албанија.

– Првата фаза ќе трае пет години а гасоводот кој ќе минува низ нашата земја е во должина од 214 киломери. Во оваа фаза вредноста на инвестицијата е многу значајна и ќе отвори нови 800 работни места а илјадници други добра ќе бидат плод на индиректните односи со овој проект, изјави Рама.

Рама ја оцени како една од најголемите инвестици што се слуиле во земјата, нагласувајќи ги придобиките кои доаѓаат од реализацијата на овој проект, од кој Албанија ќе профитира една милјарда во наредните дваесет години. Овој проект, според него, ќе го зголеми БДП на земјата со 160 милиони евра.

– Приходите за албанската економија ќе бидат многу поголеми од овој проект од една миларада евра во наредните дваесет годино, зашто тука не се внесени приходите од синџирот инвестиции. Албанија ги превзеде сите потребни мерки за да добие се што потенцијално може да добие од овој проект и процесот со ТАП беше конструктивен, – нагласил Рама.

Подрачјата на Берат и Фиер, според Рама, се главните подрачја кои најмногу ќе добијат од оваа инвестиција. Поради минувањето на гасоводот низ овие подрачја таму ќе се подобри и патната инфраструкура.

Генералниот директор на ТАП, Јан Брадшав покрај другото нагласил дека компанијата освен изградбата на гасоводот ќе и помогне на Албанија во модернизација на инфрастрктурата за гас.

Низ Албанија ќе минува гасовод во должина од околу 210 киломери по земја и 37 километри низ албанските територијални води низ Јадранско Море. Почнува од градот Билиште околија Корча на албанско грчката граница и стигнува до Јадранско Море 17 километри североазапно од Фиер, каде ќе има компресорска станица, иста како и во Билиште.

Капацитетот ќе биде 20 милијарди кубни метри. Низ планински предели ќе бидат изградени двосмерни патишта во должина од 51 километар додека 41 км ќе бидат проширени и реконструирани. Ќе бидат рехабилитирани 42 моста и изградени три нови.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски