Кривична за градежен инспектор од скопско Карпош осомничен за примање поткуп

Од:

МВР до надлежното Основно Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н.И. (62) од Скопје, овластен градежен инспектор во Сектор инспекторати во општина Карпош, Скопје, осомничен дека сторил две кривични дела „примање поткуп“ и кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во својство на овластен градежен инспектор, во периодот од декември 2013 до октомври 2014 година, осомничениот ја злоупотребил својата службена положба и овластување, со тоа што при вршење на инспекциски надзор во правните лица „Имвента“ ДОО Скопје и „БИМАД ИНЖЕНЕРИНГ“ ДОО Скопје кои граделе градби, констатирал и направил записници дека се изведуваат без Одобренија за градба и директно од сопствениците побарал и примил како поткуп парични средства во износ од 98.475 денари, на неговата трансакциона сметка за да изврши службено дејствие што би морал да го изврши или да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши.

Како што денеска соопшти МВР, Н.И. со искористување на своето службено овластување, откако во правното лице „ИМВЕНТА“ извршил инспекциски надзор и изготвил Записник со кој им наложил на сопствениците да ги отстранат недостатоците и да го известат за да донесе заклучок за запирање на постапката, директно побарал и примил како поткуп на неговата трансакциона сметка во два наврати парични средства во износ од 38.475 денари. За да изврши службено дејствие што би морал да го изврши, односно откако го известиле дека недостатоците се отстранети, донел заклучок за запирање на постапката.

Во правното лице “БИМАД ИНЖЕНЕРИНГ“ пак, извршил инспекциски надзор и изготвил записник каде констатирал дека градбата е без одобрение за градење, при што од овластениот потписник директно побарал и примил како поткуп на неговата трансакциона сметка парични средства во износ од 60.000 денари. Притоа, им наложил да продолжат со градбата и им посочил дека нема да имаат пречки околу натамошнатга градба, како и тоа дека ќе им помогне да добијат одобрение за градење.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он