Спречен терористички напад во Њујорк

Од:

Маж, кој признал дека е поврзан со глобалната терористичка организација Ал Каеда, сакал да активира бомба од 450 килограми пред зградата на американската централна банка во Њујорк, јави агенцијата „Франс прес“.

21-годишниот маж, роден во Бангладеш, е уапсен пред зградата на американската централна банка додека безуспешно се обидувал да активира бомба, соопшти њујоршката полиција.

Зградата пред која уапсениот Квази Мохамад Резванул Ахсан Нафис сакал да ја активира бомбата е во близина на местото каде се извишуваа кулите близначки на Светскиот трговски центар, во јужен Менхетен, кои беа урнати во терористичките напади со грабнати авиони зад кои стоеше Ал Каеда.

Главниот обвинител на Бруклин додаде дека момчето влегло во САД во јануари годинава за да изведе атентат. Повикувајќи се на поврзаност со Ал Каеда во странство, тој сакал да формира терористичка ќелија на американска територија.

Едно од лицата што ги врбувал, бил прикриен агент на ФБИ, и според обвинителот, му помогнал во подготовката и го снабдил со лажен експлозив, внимавајќи да не бидат доведени во опасност граѓаните.

Би можело да ве интересира

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Канада денеска ќе објави контра царини за САД

Горан Наумовски

Песков: Не ја исклучуваме можноста за наскоро средба меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски