Миграцијата село – град најголема во Североисточниот регион

Од:

Жителите од Североисточниот регион најмногу се иселуваат од село во град, додека во Полошкиот регион се повеќе застапни меѓуселските преселби.

Според податоците од Државниот завод за статистика вообичаено поголем е бројот на преселби од село во град и тука најголемо учество има Североисточниот регион со 40,8 проценти.

Скопскиот регион, пак, во континуитет покажува позитивно миграциско салдо како кај внатрешните, така и кај надворешните миграции.

Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот регион (1012 лица), а најмало во Југозападниот регион (-86 лица).

Во однос на бројот на раѓања, најмногу бебиња се раѓаат во Скопскиот регион, а најмалку во Вардарскиот регион. Градовите предничат пред селата во однос на раѓањата, односно во градовите се родени 13.764 деца наспроти 9.832 деца во селските средини.

Просечната возраст на мајката во градовите изнесува 29.1 години, додека во селските средини 27.6 години. Во градовите просечно жената станува мајка на околу 27.7 години, а во селата на 25.2 години.

Во градовите е поголем и бројот на умрени лица односно 11.944 наспроти  7.774 умрени лица во селата. Најмногу смртни случаи има во Скопскиот регион, а најмалку во Североисточниот регион. Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 71.8 години, а во селските средини 73 години.

Негативен природен прираст е забележан во Пелагонискиот, Источниот и Вардарскиот регион.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Син уби татко во Скопје

А1он