Марк Гасол уште 5 години во Мемфис за 108 милиони долари

Од:

НБА тимот Мемфис Гризлис ја испразни клупската каса за да го задржат во своите редови шпанскиот центар, Марк Гасол. Еден од најдобрите центри во НБА лигата од Мемфис доби петгодишен договор вреден 108 милиони долари.

Помладиот од браќата Гасол комплетната НБА кариера ја минува во Мемфис, во кој стигна во 2008 година како 48-ми пик на драфтот избран од страна на ЛА Лејкерс.

Минатата сезона, Гасол во просек по натпревар бележел по 17,4 поени, 7,8 скокови и 1,6 блокади. Мемфис минатата сезона стигна до полуфиналето на Западната конференција, кога во шест натпревари беше елиминиран од Голден Стејт.

Шпанскиот репрезентативец двапати играл на Ол Стар натпреварот, а во 2013 година беше избран за најдобар дефанзивец во лигата.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on