Картер: САД нема да го напуштат Гвантанамо

Од:

САД не планираат да ја напуштат воената база Гвантанамо на Куба и покрај историската спогодба за обновување на дипломатските односи со Хавана, изјави американскиот министер за одбрана Ештон Картер.

Одговарајќи на прашање на новинарите за тоа дали би можел да го замисли денот кога САД би се откажале од базата на Куба, Картер изјави дека нема такви размислувања, ниту таков план.

САД и Куба формално се договориле ова лето, по 54 години, повторно да воспостават дипломатски односи.

Кубанските власти сметаат дека за воспоставување на нормални односи, САД мораат да им ја предадат базата Гвантанамо. Американците таа база во јужниот дел на Куба со површина од 116 квадратни километри ја зеле под наем во 1903 година, а Кубанците тврдат дека тоа е сторено под притисок.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак