„САД убија многу повеќе луѓе отколку ние на 11-ти септември“

Од:

Еден од главните организаторите на терористичките напади во САД, на 11-ти септември 2001. година Калид Шеик Мохамед, обвини дека владата на САД убила многу повеќе луѓе од извршителите на нападите пред 11 години.

Во обраќањето пред воена комисија во американската воена база во Гвантанамо, Куба, тој изјави дека САД се одговорни за убиствата на милиони луѓе ширум светот.

Тој ја обвини Америка дека ја користи дефиницијата за национална безбедност, како што диктаторите ги користат законите за да ги оправдаат своите дела.

„Луѓето се убиваат во името на националната безбедност, ги мачат, ги држат во притвор, па дури и малолетни деца завршуваат во притвор во име на националната безбедност“, рече Калид Шеик Мохамед и додаде „Вашата крв не е од злато, а нашата од вода, сите ние сме луѓе“.

Мохамед заедно со уште четири лица е обвинет за организација и помагање на терористичките напади на 11-ти септемри 2001. година. Доколку бидат обвинети им се заканува смрттна казна.

Би можело да ве интересира

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Канада денеска ќе објави контра царини за САД

Горан Наумовски

Песков: Не ја исклучуваме можноста за наскоро средба меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски