Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози. Наместа влажни коловози има на повисоките планински и осојничави места.
поради можна појава на одрони од Авто мото сојузот на Македонија со препорака до возачите за внимателно возење на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, каде е можна појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.
На магистралниот пат М-1 делница Катланово-Велес, сообраќајот од две коловозни ленти се пренасочува во една.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.