Благ раст на Волстрит

Од:

Цените на акциите на Волстрит благо пораснаа во вторникот, по несигурно тргување, благодарејќи на надежите дека Грција ќе остане членка на еврозоната дури и во случај на банкрот.

Dow Jones зајакна 23 поени, или 0,13 отсто, на 17.619 поени, додека S&P 500 порасна 0,27 отсто, на 2.063 поени, а Nasdaq се зголеми за 0,57 отсто, на 4.986 поени.

По остриот пад претходниот ден, вчерашното тргување почна со раст на цените на акциите. Набргу берзи под притисок од падот на цените на европските берзи, се најдоа во негативно подрачје, за да пред крајот на тргувањето индексите, сепак, благо закрепнат.

Ваквото нестабилно тргување е последица од исчекувањето на банкрот на Грција, која претходниот ден не можеше да ја плати ратата од кредито на МФ од 1,6 милијарди евра, која во вторникот доспеа за наплата.

Сепак, во последните часови од тргувањето пред истекот на токот во полноќ се уште се водеа преговори меѓу грчката влада и нејзините кредитори од еврозоната за последната понуда на Атина која предложи нова двегодишна помош и реструктуирање на долговите.

На овој начин Грција би можела да ги отплати долговите и да остане во еврозоната.

Министрите за финансии го отфрлија во вторникот вечерта предлогот бидејќи стигнал предоцна, но порачаа дека веќе во средата на итни консултации ќе разговараат за нова понуда Атина.

Иако грчката економија е мала, а повеќето американски компании не се значително директно изложени на грчкиот пазар, инвеститорите стравуваат од последиците од можното излегување на Грција од еврозоната.

Сепак, се надеваат дека во следните пет дена, по референдумот во Грција на 5 јули ќе се пронајде решение според кое Грција би останала во блокот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница