Вработените во шпанската полиција за борба против наркотици запленија речиси 16 тони хашиш, скриен во товарен брод, јави ДПА, повикувајќи се на денеска објавено соопштение од безбедносните органи на Шпанија.
Екипажот на бродот е уапсен. Тој бил составен од шест Сиријци и тројца Индијци. Бродот пловел под знамето на Демократска република Конго и пренесувал товар од 1.500 тони сол.
Шпанските власти кои дејствувале по информации од Франција, Италија и Европол, откриле 15,7 тони хашиш во двојно дно на бродот.
Бродот пловел кон источниот дел на Средоземно Море, кога бил пресретнат крај брегот на Шпанија и бил насочен кон пристаништето во Малага, соопшти шпанската полиција.