Шпанската полиција разби наркомрежа составена од поранешни српски војници

Од:

Шпанската полиција соопшти дека запленила повеќе од три тони кокаин и разбила голема меѓународна мрежа за илегална трговија со наркотици, чиј лидер живеел во Мадрид и се претставувал за фудбалски агент, кој барал млади таленти.

Шпанската полиција не го открива идентитетот на водачот на бандата, но тврди дека тој создал мрежа од поранешни српски војници, кои доставувале кокаин од Јужна Америка во Европа. Криминалната група користела компании во Шпанија и во Португалија за перење на пари од наркотиците.

Во домот на наркобосот полицијата пронашла 773.000 евра.

Портпаролката на полицијата денеска соопшти дека водачот на групата и 68 нејзини членови се уапсени последните месеци во Шпанија, во Португалија, во Хрватска, во Црна Гора и во Србија, како резултат на двегодишната истрага.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата