Бројот на загинати во нападите на Синајски Полуостров се искачи на 50 луѓе. Одговорноста за денешните координирани напади врз египетските војници го презеде египетскиот огранок на Исламска држава.
– Лавовите на халифатот во провинцијата Синај нападнаа повеќе од 15 позиции на египетската армија, објави интернет-изданието на „Ансар бејт ал макдис“, египетски огранок на ИД.
Врз еден контролен пункт во северниот дел на Синејскиот Полуостров беше изведен самоубиствен напад со автомобил-бомба.
Според воени извори, нападите биле извршени јужно од градот Шеик Зуеид врз шест контролни пункта, обезбедувани од армиски припадници.
Екстремистите киднапирале војници и заплениле неколку оклопни возила.