Летни приказни со „Или-Или“

Од:

Од денеска, по шести пат, започнуваат Летните приказни со Или-Или, во чии рамки домашните читатели ќе можат да ги набават изданијата на Или-Или по намалени цени, со попуст од 20 до 70 отсто. Акцијата ќе трае во следните два месеци, односно, до 1 септември, во книжарницата на Или-Или во Скопје.

„Зад нас се два прилично возбудливи месеци, во чии рамки бевме дел од традиционалниот Саем на книга во Скопје, организиравме две промоции на книгите “Ги најдов во длабокото” на Симона Јованоска (МКЦ) и “Исповедни финеси” на Влатко Галевски (Менада), а минатата недела наидовме на одличен прием кон нашата иницијатива сомболично насловена “Мал книжевен пркос”, во чии рамки во фокусот беше новиот роман “Телото во кое треба да се живее” на Петар Андоновски, со кого се публиката се дружеше во петокот во ИЛИ-ИЛИ. Освен споменатите домашни автори, им дадовме можност и на две нови имиња, Јана Лозаноска и Силвија Митевска, кои со дебитантските книги “Дневна соба” и “Додека Данте спие” само ја потврдуваат нашата тенденција за издавање на квалитетна домашна проза, чија промоција ќе следи во следниот период.

mojotmaz-rumena

Секако, да не ги заборавиме и второто издание на “Мојот маж” на Румена Бужаровска, најпродаваната книга на Саемот на нашиот штанд, како и третото издание на наградуваниот роман “Резервен живот” на Лидија Димковска, кои одлично ја заокружуваат нашата издавачка приказна. Во овој период издадовме и неколку исклучителни преводи, како првиот превод од руски јазик во едицијата ПРОаЗА, “Си беше една жена која сакаше да го убие детето на сосетката” на Људмила Петрушевскаја, потоа, жестокиот трилер “Играта на Де Ниро” на Рави хаж, како и култните новели на Борислав Пекиќ, “Одбраната и последните денови” и “Успението и падот на Икар Губелкијан”.

borislavpekic

По толку пофалби за сработеното во претходните два месеци од читателите, ја најавуваме нашата следна активност, во која најмногу ќе ужива токму публиката, која по фантастично ниски цени ќе може да ги набави споменатите, но и останатите наши изданија, велат од издавачката куќа Или-или.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска