Амбасадорот на Велика Британија во Обединетите нации Метју Рајкрофт изјави дека Лондон нема да ја повлече предлог-резолуцијата за Сребреница, за што во моментот се преговара на консултативните сесии на Советот за безбедност, а Русија предложи предлог-верзија.
За британската резолуција најверојатно ќе се гласа на 7. јули во Њујорк, четири дена пред 20-годишнината од масакрот во Сребреница. Во британската резолуција военото злосторство од 1995 година се квалификува како геноцид.
– Дваесетгодишнината од геноцидот е момент за пауза и размислување за лекциите научени од најмрачната историја на ОН и определување дека никогаш повеќе нема да стане реалност, истакна Рајкрофт.