САД и Куба постигнаа спогодба за повторно отварање на амбасади во Вашингтон и Хавана

Од:

САД и Куба, кои во декември го објавија почетокот на историското зближување, постигнаа спогодба за обновување на дипломатските односи и за повторно отварање на амбасади во Вашингтон и во Хавана, изјави вчера во Вашингтон висок американски владин претставник, јави БТА.

Се очекува претседателот на САД Барак Обама и американскиот државен секретар Џон Кери денеска да дадат изјава во врска со ова прашање.

– Ние официјално ќе објавиме утре (среда) дека САД и Куба постигнале спогодба за обновување на дипломатските односи и отварање на амбасади во главните градови, изјавил владиниот претставник.

САД и Куба во декември ги објавија плановите за обновување на дипломатските односи и оттогаш водат преговори за отварање на амбасадите.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија