НСА доби времена дозвола повторно да собира метаподатоци за телефонски разговори

Од:

Специјален американски суд времено и дозволи на Агенцијата за национална безбедност (НСА) на САД да собира метаподатоци (податоци за податоци) за телефонски разговори, соопшти Министерството за правда.

Судот за набљудување на надворешното разузнавање го одобри барањето на Владата за продолжување на програмата за шест месеци, односно додека стапат во сила измените предвидени со законот, кој беше усвоен минатиот месец.

Најголемата реформа, откако поранешниот соработник на НСА Едвард Сноуден откри дека таа масовно шпионира телефонски разговори и интернет комуникација, ограниќува дел од овластувањата кои Агенцијата ги доби по терористичките напади на 11 септември 2001 година. Новиот закон сепак и дозволува на НСА да следи луѓе кои се сметаат како потенцијална закана за безбедноста на земјата.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија