ММФ потврди дека Грција не ја плати ратата од долгот

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) потврди дека Грција не му платила рата во вредност од 1,5 милијарди евра што му ја должи и стана првата развиена економија со заостанат долг кон оваа институција.

Неплатената рата, најголема во историјата на Фондот, значи банкорт кон ММФ.

Портпаролот на Фондот Гери Рајс изјави дека Грција од сега ќе може да добива кредити од Фондот само откако ќе ги расчисти своите обврски.

Откако ноќеска на полноќ истече и програмата за спас на Грција, земјата повеќе нема пристап до пари од фондовите и не може да ги плати долговите кон ММФ.

Грција годинава во касата на ММФ треба да уплати вкупно 5,4 милијарди ера, од вкупниот долг од околу 21 милијарда евра. Следната рата од 284 милиони евра треба да биде уплатена на 1 август.

Грчкиот вицепремиер Јанис Драгасакис синоќа изјави дека Атина побарала од Меѓународниот монетарен фонд одложување на исплатата на долгот до ноември годинава. Рајс потврди дека Грција во последна минута побарала одлагање на плаќањето и додаде дека ММФ почнал да ја разгледува таа молба.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он