Поповска во Европскиот Парламент: Подадена рака од ЕУ може да не извлече од кризата

Од:

Пратеничката Лилјана Поповска, учествуваше на јавна расправа во Европскиот парламент организирана од групата на Европските зелени на тема: Политичка ситуација во Македонија. На дебатата претседаваа европратеничките Ребека Хармс и Улрике Луначек, а учествуваа и Кочо Андоновски и Петрит Сарачини, како претставници од невладиниот сектор, односно медиумите.

Поповска ги повика претставниците на Европскиот парламент да се заложат Европската комсија да не ја повлече препораката за Македонија поради политичката криза. „Напротив, верувам дека само подадена рака од ЕУ може да не извлече од кризата, но и од грешките во кои западнавме како држава. Ќе бидам слободна да кажам, сметам дека и ЕУ има свој удел во кризата, зашто не ги испочитува до крај критериумите што сама ги постави. Македонија беше првата земја во регионот што пред 14 години ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација, веќе 10 години е земја-кандидат, а сега веќе 7 години е оставена во чекална. Добиени се 6 препораки од Европскиот парламент и Европската Комисија за почетокна пристапни преговори, но тоа не се реализира поради вето на една членка во Советот на министри. Ова создаде фрустрации кај македонските граѓани и поле за развој на регресивни процеси. Така од успешна приказна и земја реформатор во 2009, кога стигна првата препорака, дојдовме до сегашнава политичка криза.“

Потоа Поповска направи куса хронологија на политичката криза и нејзиниот одек во македонската јавност, користејќи ги резултатите од истражувањата на јавното мнение. Укажа на големата поларизација во земјата што доведе до силна поделеност во општеството. Но, како што истакна, „се создаде силно граѓанско ткиво на различни групи со различно етничко и верско потекло, што веројатно ќе биде и најголемата придобивка од оваа криза. Верувам дека токму тие разбудени граѓани ќе бидат идните чувари на демократијата на секоја идна власт“.

За излез од политичката криза е потребен поголем процес со политички и правни мерки, кој треба да се договори помеѓу партиските лидери. Тој треба да опфаќа преодна влада, враќање на опозицијата во парламентот, формирање парламентарни анкетни комсии, оставка на јавниот обвинител и избор на нов со консензус како и редица други мерки.

На крајот Поповска изрази надеж дека Македонија ќе ја помине оваа криза на мирен и разумен начин, со најмала штета за граѓаните и државата.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски