Руски космонаут постави рекорд во вселената

Од:

Рускиот космонаут Генадиј Падалка, командант на Меѓународната вселенска станица, постави нов рекорд за должината на времето поминато во вселената од вкупно 803 дена, соопшти руската вселенска агенција.

– Рекородот е официјален, Генадиј Падалка стана човекот кој помина најмногу време во вселената – изјави портпаролот на руската вселенска агенција „Роскосмос“.

Падалка, кој наполни 57 години на 21 јуни, моментално се наоѓа на својата петта мисија во вселената.

Кога ќе се врати на Земјата во септември, тој со својот колега Михаил Корниенк и со Скот Келим ќе имаат поминато вкупно 877 дена или приближно околу две и пол години во вселената.

Падалка е обучен за воен пилот во текот на советската ера. Тој прв заминал во вселената во 1998 година, кога служел како командант на свемирската станица „Мир“.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Русија: Имаме „абнормална ситуација“ на леталото во орбитата на Месечината

НАСА идната година испраќа 3D печатач во вселената

Емир Латифовиќ

„Војаџер 1“ е првиот летечки објект што го напуштил Сончевиот систем

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Како експлодира метеор

Емир Латифовиќ

На Марс имало услови за живот повеќе отколку на Земјата

Емир Латифовиќ

НАСА се подготвува за праќање астронаути на Марс

Емир Латифовиќ