Јавен повик за полагање испит за автотакси возачи во Скопје

Од:

Град Скопје објави Јавен повик за пријавување кандидати за полагање испит за добивање сертификат за автотакси возачи во главниот град.

Заинтересираните кандидати треба да поседуваат возачка дозвола од Б-категорија и потврда за завршена обука за автотакси возач, издадена од правно лице овластено од градоначалникот Коце Трајановски, за кое е издадено и Решение за давање согласност за трошковник. Трошоците за обука и за издавање на сертификатот за автотакси возач се на товар на пријавените кандидати.

Заинтересираните кандидати треба да поднесат пријава до Архивата на Град Скопје во барака 16, која може да ја подигнат оттаму или од интернет страната www.skopje.gov.mk Кон пријавата потребно е да се достават копии, од возачката дозвола, од лична карта и потврда за завршена обука за автотакси возач во Град Скопј, во оригинал.

Наредните шест месеци, испитите ќе се одржуваат во различни термини. Во јули термините се на 3, 10, 24 и 31. Секогаш ќе се полага во петок, во 17 часот, а испитот ќе се одржува во Град Скопје, барака 13 (Сала на Совет на Град Скопје).

Рокот за пријавување на кандидатите за полагање испит за добивање на сертификат за автотакси возачи е најдоцна два дена пред закажаниот термин за одржување испит.

Сертификатот за автотакси возач од 1 ноември 2015 година е задолжителен и мора да го има во возилото. Доколку овластениот општински инспектор или овластениот инспектор на Град Скопје при вршење на инспекциски надзор утврди дека возачот не го поседува сертификат, ќе поднесе предлог до градоначалникот на општината, односно градоначалникот на Град Скопје да донесе решение за трајно одземање на изводот од лиценцата за вршење на автотакси превоз на возилото со кое е сторен прекршокот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Мицкоски: Жена парк и улица Македонија кои за сите скопјани будат многу спомени, сега се во состојба во којашто не треба да бидат