Груевски: Правам добри чекори за доброто на Македонија

Од:

Присуството на Конгресот на Европската народна партија што се одржува во Букурешт за премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски било можност да се остварат контакти со повеќе претседатели на партии нејзини членки, како и со важни личности од европските земји и да се лобира за интересите на Македонија.

„Ова е добра можност да се направат формални или неформални средби со поголем број претседатели на партии кои што се членки на ЕПП, премиери, луѓе кои што се во нивните делегации, министри за надворешни работи, на некој начин да се лобира, да се споделат информации да се дадат наши видувања на некои работи, да се чујат нивните видувања“, изјави Груевски кој заедно со повеќечлена партиска делегација присуствува на Конгресот на ЕПП.

„Ова е еден значаен настан на Европската народна партија, настан на кој што сме дојдени во една поголема делегација со цел да направиме што повеќе контакти и да направиме што повеќе добри чекори за Република Македонија“, додаде Груевски.

Инаку, на конгресот присуствуваше и грчкиот премиер Андонис Самарас, но нема информации дали македонскиот премиер остварил средба со него.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски