Општо познато е дека повеќе гледачи го следат полувремето на американскиот „Супер боул“ отколку финалето на популарниот американски фудбал, па додека годинава Мадона имаше чест да ја гледаат 114 милиони гледачи, следната година во најгледаниот термин на американската телевизија на сцената ќе излезе ѕвездата Бијонсе.
Оваа вест таа ја потврдила на својата службена страница. Бијонсе ќе настапи во Њу Орлеанс на 3 февриари 2013 година. Пејачката во 2004 година на „Супер боул“ ја пееше американската химна.
Покрај Мадона оваа година настапија и Си Ло Грин, Ники Минаж, „ЛМФАО“, МИА и Грин.