Унгарската полиција употреби солзавец со цел да прекине судири во камп за мигранти во предградие на Дебрецен, во источниот дел на земјата, соопшти денеска полициската портпаролка Ерика Деметер.
Според Деметер полицијата употребил солзавец со цел да ги смири луѓето.
Деметер нагласи дека се уште не е јасна причината за судирите, кои започнале по тепачка меѓу двајца мигранти.
Портпаролката на унгарската полиција нагласи дека во судирите во кампот немало повредени.