Оланд: Најлошото помина

Од:

Најлошото, односно стравот од распаѓањето на еврозоната помина, но најдоброто се уште не дошло и тоа треба да се изгради, порача денеска францускиот претседател Фрасоа Оланд и нагласи дека Франција е врска меѓу северна и јужна Европа, и оти поделбите не доаѓаат предвид.

– Франција е врска меѓу северна и јужна Европа. Отфрламе каква било поделба. Обединетата Европа не смее да западне во егоизам, нагласи Оланд, додавајќи дека задачата на европските пидери е да постават заеднички правила околу принципите на одговорност и солидарност, со цел Европејците да станат свесни дека припаѓаат на иста целина.

Во интервјуто, кое го објави францускиот весник „Монд“, шефот на француската држава оцени дека доделувањето на Нобеловата нагрда на Европската унија претставува оддавање почит на подвизите на основачите на Европа од минатото, но и апел до денешните европски лидери да сфатат дека ангажирањето е императив, бидејќи, како што рече, Европа тоа го заслужува.

Одговарајќи на прашања на новинари од шест европски весници во пресрет на седницата на Европскиот совет, која ќе се одржи на 18 и 19 октомври во Брисел, Оланд порача дека формирањето на европската политичка унија се очекува по европските избори во 2014 година, кога, како што рече, ќе се донесе одлука за судбината на Европа.

– Политичката унија е чекор, кој че следи по формирањето на буџетската, банкарската и социјалната унија, а ќе пружи демократска рамка за солидарна интеграција, која ќе ја спроведеме, рече Оланд.

На прашањето како планира да го надмине јазот меѓу приврзаниците на строгите мерки за штедење и заговорниците на растот, тој рече дека должност на Франција, како голема земја во ЕУ е да биде носител на компромиси меѓу раздолжувањето и растот и дека растот може да се поврати со помош на довербата и усогласувањето на европската економска политика.

Осврнувајќи се на моделот на Европа, кој тој го поддржува, Оланд напомена дека тоа е „повеќебрзинска“ Европа, која може да се нарече и „авангардна“, „заканувачка“, „со тврда основа“ и додаде дека оваа идеја треба да се спроведе веднаш бидејќи „Европа веќе не смее да заостанува“.

Оланд нагласи дека не сака да ги дели членките на ЕУ на големи и мали, на земји основачи и новодојдени, бидејќи на „Европа и се потребни сите земји“.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток