Избрани најбезбедните и најчисти училишта

Од:

Министерството за образование и наука во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје избра три основни и две средни, најбезбедни и најчисти училишта во Република Македонија за учебната 2014/2015 година.

Во конкуренција на 18 основни училишта, првото место му припадна на ОУ „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија, второто на ОУ „Климент Охридски“ во село Драчево во општина Кисела Вода и третото место за ООУ „Климент Охридски“ од Македонски Брод.

Во категоријата на средни училишта пристигнале шест апликации, од кои за најбезбедни и најчисти се избрани две училишта во Скопје –   „Владо Тасевски“  (прво место) и  „Никола Карев“ (второ место).

Јавниот повик за „Најбезбедно и најчисто училиште” беше во рамки на истоимениот проект, чија цел е зголемување на безбедноста и хигиената во училиштата.

– Изборот на најбезбедно и најчисто училиште го изврши стручна комисија, формирана од Министерството за образование и наука, врз основа на пристигнати апликации и увид во самите училишта. За избраните училишта ќе следуваат соодветни награди, обезбедени од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, соопшти Министерството за обрзование и наука.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование