Досега непознатата група Народен отпор на Гиза презеде одговорност за денешниот бомбашки напад во Каиро врз конвојот возила на главниот обвинител на Египет, Хишам Баракат.
Групата на својот профил на Фејсбук објави дека го извршила нападот во близина на домот на Баракат во каирската населба Хелиополис и објави фотографии од инцидентот.
Западните медиуми наведуваат дека засега не може да се потврди автентичноста на ова соопштение.
Нападот врз Баракат беше извршен со поставена бомба која експлодира во моментот кога крај неа минувале конвојот возила на обвинителот.
Покрај Баракат, при нападот се повредени уште три лица – двајца негови телохранители и еден случаен минувач.
ДПА јави дека при нападот Баракат се здобил со повреди на лицето и рамото и дека се наоѓа во болница.
Неименуван висок полициски претставник ја потврди информацијата дека Баракат и неговите телохранители се пренесени во болница, додавајќи дека главниот обвиниетел „е добро“.