„Додека Данте спие“ – ново издание на „Или – или“

Од:

Деновиве од печат излезе дебитантската книга „Додека Данте спие” на авторката Силвија Митевска. Се работи за 111 издание во популарната едиција ПРОаЗА на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, за коe илустрацијата на корицата ја изработи Марија Смилевска, а за дизајнот беа задолжени бригада.мк.

dodekadantespie

За збирката раскази, наградуваната писателка Лидија Димковска напиша: “Силвија Митевска е млада прозаистка која и припаѓа на најновата генерација македонски раскажувачи. Нејзиниот раскажувачки тон е полн свежина,умешност, возбуда, таа знае да раскажува, знае да ги слуша своите ликови и да ги води низ темните предели на раскажувањето, а резултатот на тоа одисеевско патување е проза која се чита во еден здив. Силвија Митевска е авторка за која ќе се слуша во иднина, се повеќе и повеќе”, додека Венко Андоновски потенцира: “Ретко се случува при добивање ракопис на дебитант да се открие талент којшто веќе својата дарба ја здружил со не мала писателска умешност, односно – занает. Во дебитантската книга раскази на Митевска видливи се трагите на прозниот артизам, кој токму врз жанрот расказ поставува максимални барања пред авторот. Книгата Додека Данте спие е вистинска радост за македонската современа прозна продукција”.

Силвија Митевска е родена 1979 г. во Скопје. Нејзина професионална окупација било акробатското параглајдерство. За време на престојот во Италија и Израел пишува раскази. “Додека Данте спие” е успешен производ токму на таа нејзина прозна активност.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска