СДСМ: Демократски избори само со влада без Никола Груевски

Од:

Единствениот „успех“ на Никола Груевски за младите во Македонија е тоа што поради неговите лоши, погрешни и криминални политики над 250 илјади млади луѓе се иселија од земјава. Груевски е изворот, суштината на бројните проблеми во Македонија и само негово заминување е опција за нивно решавање, велат од СДСМ.

Креаторот на сите проблеми во Македонија, виновникот за иселувањето на младите, за економското пропаѓање на земјава и за најдлабоката политичка и државна криза, Никола Груевски, очигледно има голема потреба да го смирува своето членство со лажно силење и говори полни со излитени фрази.

Човекот којшто е на власт преку изборни манипулации и злоупотреби, кој заедно со своите најблиски соработници владее со измами, притисоци, уцени и лично е вмешан во милионски криминални зделки е уплашен од соочувањето со сопствената одговорност.

Во неговите очи се гледа стравот, паниката, агонијата од губењето на власта и соочувањето со сите криминали и сите злоупотреби што ги направил во изминатите години.

Затоа Груевски по секоја цена сака да избега од фер, слободни и демократски избори. Затоа што на фер и демократски избори народот ќе му испорача на Груевски огромен, катастрофален пораз после којшто целосно ќе биде збришан од политичката сцена.

Од таков изборен пораз Никола Груевски нема да може да избега. Граѓаните чувствуваат дека тоа е стратешки интерес на Република Македонија и нејзината иднина.

Слободни, фер и демократски избори може да обезбеди само Влада без Никола Груевски.

Заминувањето на Никола Груевски и неговите соработници е неминовност којашто ќе се случи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите