Грчкиот парламент го одобри владиниот предлог за референдум на 5 јули

Од:

Грчкиот Парламент разно изутринава го одобри предлогот на грчката Влада за одржување референдум во однос на последните предлози на меѓународните кредитори за реформи во замена за финансиска помош.

Со 178 гласа „за“ и 120 „против“ пратениците го усвоија предлог. Пратениците од редовите на радикалната лева партија „Сириза“, нивните коалициони партнери од партијата „Независни Грци“ и пратениците од неонацистичката „Златна зора“ ја одобрија иницијативата за референдум. Против неа беа претставниците на конзервативната „Нова демократија“, социјалистичката ПАСОК, Грчката комунистичка партија и центристичкјата „Потами“.

Премиерот Алексис Ципрас воедно ги повика Грците на референдумот на 5 јули да ги отфрлат условите кои ги нудат кредиторите. Од собраниската говорница тој рече: Грчкиот народ ќе каже едно големо „не“ на ултиматумот и истовремено ќе каже „да“ за солидарна Европа.

– Од колевката на демократијата нема да ги молам (претседателот на еврогрупата Јерун) Дејселблум и (германскиот министер за финансии Волфганг) Шојбле да ни дозволат да организираме референдум. Ќе има референдум без разлика дали тоа им се допаѓа или не, порача Ципрас.

Тој ги критикуваше и министрите за финансии од еврозоната за тоа дека одржале средба, при тоа не канејќи го грчкиот колега Јанис Варуфакис.

Истовремено, директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард ја исклучи можноста да биде дозволено одложување на исплатата на долгот на Грција кон фондот, рок кој изминува на 30 јуни.

– Кога зборувам за ММФ ја имам предвид меѓународната заедница. 1,6 милијарди долари треба да бидат платени до вторник до 18 часот, според американско време во Вашингтон. Тие пари припаѓаат на меѓународната заедница, што значи и на луѓе кои имаат понизок стандард од Грците. Се надевам дека уплатата ќе биде извршена до 18 часот во вторник, категорично порача Лагард.

Таа уште оцени дека референдумот планиран за 5 јули нема правна сила, бидејќи предлозите на кредиторите важат до 30 јули и Грците на 5 јули ќе гласаат за предлози кои веќе нема да бидат во сила.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија