Обновена клучката кај кумановско Горно Коњаре

Од:

Јавното претпријатие за државни патишта ја заврши рехабилитацијата на клучката кај кумановското село Горно Коњаре и изврши функционално дополнување на сообраќајното поврзување на регионалниот пат Р 1104 со автопатот „Александар Македонски“ на Коридорот 10.

Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов направи увид по завршувањето со градежните работи.

Сообраќајното поврзување во правец од Куманово кон границата со Србија досега овозможуваше само исклучување од автопатот кон регионалниот пат, а по изградбата на новата сообраќајна лента се овозможи и приклучување на автопатот Александар Македонски од регионалниот пат за населените места кои гравитираат во овој регион . Притоа се изврши проширување на постојната исклучна лента од автопатот и беше изградена уште една сообраќајна лента за возилата кои се приклучуваат на автопатот во правец кон границата со Србија. На клучката е поставена нова стандардна вертикална и хоризонтална сигнализација.

Финансиските средства за обновата на клучката во износ од 12 милиони денари се обезбедени преку Годишната програма за одржување и заштита на државните патишта.

Би можело да ве интересира

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on