При посетата на општинската организација на ДОМ-Крива Паланка, Лилјана Поповска зборуваше за подготовките за самостоен настап на предвремените парламентарни избори:
„Логично е ДОМ да настапи самостојно, како што е конгресниот заклучок за идните локални избори 2017 и секогаш кога тоа е во интерес на промоција на програмските определби на партијата. Очекуваме на мирен начин и низ дијалог да се разреши политичката криза, за да не се дестабилизира земјата. Логична завршница ќе бидат изборите, организирани заедно со опозицијата, преку некој вид преодна Влада, за да не се случуваат изборни нерегуларности, по што сите ќе ги признаат резултатите.“