Новата книга на Бранко Тричковски, „Проститутката што го сакаше својот мевосек!“ ќе биде промовирана вечерва во ГЕМ клубот во 20 часот.
Книгата содржи околу 70 колумни напишани последниве две и пол години. Во книгата се застапени и четириесетина илустрации („монтажи“) на Свирачиња, така што книгата всушност е авторско дело на Бранко Тричковски и на Свирачиња.
Промотор на книгата ќе биде Љубомир Д. Фрчкоски. Во име на издавачот, Темплум, книгата ќе ја претстави Никола Гелевски.