Во семејна куќа во Шипковица полицијата пронајде 51 непознато зелено растение

Од:

При претресот во домот и помошен објект на З.Р.(73) во Шипковица синоќа се пронајдени 46 вреќи со земја во кои имало 51 непознато зелено растение со височина помеѓу 10 и 15 сантиметри, 150 пластични чаши од јогурт наполнети со ситна земја, од кои во пет имало изникнати непознати зелени растенија со височина од околу три сантиметри, како и пластична кутија со непознат растителен семенски материјал, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Како осомничен дека ги одгледувал растенијата е синот на сопственикот Х.Р.(42) кој засега не е пронајден и по кого се трага. Претресот бил реализиран во консултација и координација со јавен обвинител, а растенијата биле пронајдени во помошен објект до куќата и балконот од третиот кат во куќата што ја користел Х.Р.

– Сето пронајдено е фотодокументирано и со потврда е одземено за вештачење. Х.Р. вчеравечер бил пријавен дека претходно  во алкохолизирана состојба извршил семејно насилство врз неговите родители, а се сомничи дека и веднаш потоа ја запалил нивната плевна со добиточна храна, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он