Во две сообраќајки вчера во Тетово повредени шест лица

Од:

Шест лица, меѓу кои и малолетно дете, биле повредени во две сообраќајки што се случиле вчера на две различни места во Тетовско, информираше днеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Во првиот случај околу 1 часот по полноќ на регионалниот пат Тетово-Желино пред влезот за Сараќино се случила сообраќајка во која учествувале две патнички возила „Фиат уно“ со тетовски регистерски таблици управувано од Б.М.(33) од Седларево и „Цитроен“ со скопски таблици што го управувал тетовецот  А.Х.(27).

– Во судирот телесни повреди задобиле четворица сопатници од „Фиатот“ на возраст од 19, 2O, 22 и 41 година, сите од Седларево и сопатник од „Цитроенот“ на возраст од 41 година од Тетово. Повредените со друго возило биле пренесени во тетовската клиничка болница и по укажаната помош сите биле пуштени на домашно лекување. Извршен е увид и се утврдуваат причината и се друго поврзано со несреќата  во која вкупната материјална штета се проценува на 50 илјади денари, изјави Јосифовски.

Во втората сообраќајна несреќа шестгодишно дете се здобил со телесни повреди откако вчера околу 15 часот и 30 минути додека се движело по улицата „Штипска“ во Тетово било удрено од  патничко возило „Голф“ што го управувал А.Р.(34) од Лисец.  Со истото возило детето било пренесено во тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош задржано е за опсервација.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден е возач во сообраќајка во Битола

Петмина повредени во сообраќајка на три возила близу Кичево

Тешка сообраќајка кај Зеница: Се судрија автобус и камион, загина возач

Горан Наумовски

Романец предизвикал сообраќајка, па се фрлил во каналот Дунав-Црно Море

Петмина повредени во сообраќајка кај струшкото село Радожда

Тешко повреден пензионер од Скопје, возачот избегал од местото на несреќата