На аеродром во близина на Варшава денеска принудно слета патнички авион поради сомнеж дека во леталото се наоѓа „експлозивна супстанца“, соопшти полската полиција.
– Станува збор за авионот „Рајанер“, кој летал од Осло кон Варшава. Тој слетал без проблеми и сите патници се евакуирани, изјави портпаролот на аеродромот „Модилин“, Магдалена Бојарска.
Таа истакна дека пилотот побарал дозвола за принудно слетување.
Портпарол на полицијата додаде дека авионот моментно го претресуваат експерти за деактивирање на експлозивни направи.