Седници на две собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за европски прашања.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија и Предлог-законот за јавнообвинителската служба, во второ читање, се на дневниот ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Комисијата ќе го разгледува и Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2014 година, како и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија, во второ  читање.

Членовите на Комисијата за европски прашања ќе имаат јавна расправа на тема „Азилот и европското законодавство.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули