Протест во Кривогаштани

Од:

Денеска СДСМ Кривогаштани одржа протест со барање за реконструкција на патот Кривогаштани – Воѓани. Протестот започна со колона од моторни возила од Воѓани кои се упатија кон Кривогаштани каде што имаше едночасовна блокада на патот.

Овај пат е ветен во предизборната програма на градоначалникот Тони Заткоски и е ставен во програмата на општината за реализација во јуни 2015 година. Во отчетот на ВМРО ДПМНЕ за периодот од 2011-2014 е запишан како реализиран а до пред некој месец секојдневно на Јавниот сервис и на некои национални телевизии беше најавувано дека е во изградба, велат оттаму.

Досега, ниту е изграден, ниту се започнати какви било активности.
Патот е од најголемо стопанско значење за општина Кривогаштани, но и за регионот бидејќи го користат и соседните општини, Крушево, Могила, Демир Хисар.
Сега, градоначалникот Заткоски повторно најавува негова изградба од октомври годинава, но жителите се сомневаат во тоа. Прво поради тоа што многупати беа излажани и второ октомври е месец кога најинтензивно се врши откуп на земјоделски производи и има голема фреквенција на товарни возила со што би се кочел откупот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците