Второ прскање против комарци

Од:

Градот Скопје ги известува граѓаните дека ќе изврши авионската дезинсекција против комарци на подрачјето на Град Скопје, односно:

1. Вториот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2015 година, на подрачјето на Град Скопје, против комарци, ќе се одвива на 25.06.2015 (петок) и на 26.06.2015 (сабота), во период од 05.30 до 08.00 часот.

2. Вториот наврат на аеросолната дезинсекција (терестрична) во 2015 година, на подрачјето на Град Скопје, против комарци, ќе се одвива во деновите од 28.06.2015 до 02.07.2015 (од недела до четврток), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, соопштуваат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он