Манивел ја повика Црна Гора за поактивен пристап во истрагите против перењето пари

Од:

Комитетот на експерти за оценка на мерките против перење на пари и финансирање тероризам (Манивел), кој е надзорен орган на Советот на Европа, во денеска објавениот извештај повикува Црна Гора да ги реши правните и судски пречки, кои ги отежнуваат истрагите и судското гонење на прекршоците, поврзани со перење на пари и да создаде ефективна политика за проактивни финансиски истраги, јави БТА.

Извештајот го анализира применувањето на меѓународните и европски стандарди во борбата против перењето на пари и финансирањето на тероризмот. Тој се базира на информации, обезбедени од црногорските власти и е резултат од посетата на експерти на Манивел на Црна Гора во март минатата година.

Според извештајот законодавството на Црна Гора во однос на перењето на пари е во согласност со меѓународните конвенции, но властите не се ефикасни во процесирање на прекршителите на законот.

Во однос на финансирање на тероризмот се наведува дека нема спроведени истраги или кривично гонење на ваков вид прекршоци, а властите не применуваат соодветен режим за замрзнување на сметки на лица поврзани со тероризам.

Во извештајот се препорачува, исто така, подобра оперативна соработка во пракса меѓу надлежните органи во земјата, со цел да се обезбеди навремена размена на информации. Според извештајот црногорските власти активно соработуваат со странските колеги, како официјално, така и неофицијално.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба