Ѓорѓиев: Препораките на комисијата ќе бидат проучени и искористени во рамките на континуираните реформи за европските интеграции

Од:

Владата на Република Македонија темелно ќе ги проучи препораките од извештајот на Европската комисија, изработен од група експерти под водство Рејнхард Прибе и се очекува истите да бидат искористени во реформите потребни за европските интеграции.

– Со внимание се осврнавме на извештајот. Препораките на комисијата ќе бидат темелно проучени и секако искористени во рамките на реформите кои континуирано ги спроведуваме за примена на европските стандарди и приближувања кон Европскатa унија. Ќе го искористиме овој период за унапредување во сите области кои се дел од преговорите за членство во ЕУ. Извештаите и дискусиите на Советот на ЕУ се можност за поинтензивен дијалог. Тоа е и дополнителна мобилизација за администрацијата која работи на реформите. Ќе се потрудиме да ги запознаеме најдобро можно Европската Комисија и нејзините експерти околу состојбите, предизвиците и напредокот кои ги очекуваме во следниот период до есенскиот извештај за напредок. Целта останува внатрешни унапредувања на стандардите и конечно формален почеток на преговорите за членство на Република Македонија со Европската Унија, кои веќе неформално ги водиме, изјави за МИА владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Се очекува извештајот на комисијата да биде дел од темите на кои Владата ќе се осврне на денешната редовна седница.

– На секоја владина седница има точка во врска со европските интеграции, во која се дискутира за состојбите во врска со европските интеграции и за реформите кои се преземаат од институциите, како и за плановите за понатамошни реформи. Се чини веројатно дека во рамките на таа точка и на денешната седница би се осврнале и на извештајот на комисијата и на останати теми кои се од значење за европските интеграции, вели Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски