Шекеринска се сретна со Могерини во Брисел

Од:

Дипломатски извори откриваат дека заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, остварила средба со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Унијата, Федерика Могерини во Брисел.

На средбата неофицијално станало збор за начините на решавање на длабоката политичка криза при што Шекеринска ги изнела позициите на опозицијата: создавање минимални услови за одржување на фер и демократски избори во транзицискиот период до април наредната година, што подразбира ослободување на институциите од партиската контрола наметната од Никола Груевски и неговите најблиски соработници. Шекринска и пренела на Могерини дека од тука се разумни аргументите дека е неопходно повлекување на Груевски шест месеци пред изборите.

Заменик-претседателката на СДСМ, при тоа, изразила задоволство од препораките содржани во извештајот на експертската група предводена од поранешниот директор на директоратот за проширување Рајнхард Прибе.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?