Две лица загинаа, а 65 беа спасени, откако гумен чамец со сириски илегални имигранти потонал во близина на турското летувалиште Бодрум, Југозападна Турција, јави Анадолија.
Загинатите имигранти се жена и дете.
Чамецот пловел од Бодрум кон грчкиот остров Кос.
Турската крајбрежна заштита организирала спасувачка операција во која учествувал хеликоптер. Некои од спасените имигранти биле транспортирани во болница.
Потрагата по уште четири лица се уште продолжува.