Четири македонски претставници на „Four River Film Festival“ во Карловац

Од:

Втора година по ред Македонија ќе учествува на „Four River Film Festival“ кој по осми пат ќе се одржува во Карловац, Хрватска, од денеска до 27  јуни.

– На фестивалот за млади режисери и вљубеници во филмот ќе учествуваат и четворица тинејџери од Македонија – Анастасија Бошкоска, Лидија Јовановска, Софија Синадиновска и Кристијан Јанкулоски. Токму едноминутниот филм „Убиец на планетата“ на Лидија Јовановска ученичка во скопската гимназија „Георги Димитров“ ќе биде прикажан и е влезен во главната конкуренција на фестивалот во Карловац. Филмот на Лидија е навистина оригинален и поучен и преку кратки сцени и дијалози го претставува значењето на водата денес – водата како непроценлив извор на животот, соопшти Агенцијата за филм на Република Македонија.

„Џифони Македонија“ во соработка со Агенцијата на Филм ќе организира и вечер „Фокус на Македонија“ на која ќе бидат прикажани три краткометражни филмови, меѓу кои „Бардо“ на Марија Апчевска, „Материјал за аудиција“ во режија на Ѓорче Ставрески и „Човекот со чудна навика да ме мава со чадорот по глава“ на Вардан Тозија.

За време на фестивалот, тимот на „Џифони Македонија“ ќе одржи и две работилници – за едноминутни филмови и за фото-есеј.

– Ова е уште една можност за успешна промоција на македонската кинематографија, а истовремено е неповторлива прилика за младите да научат нешто повеќе за филмот и да добијат значајно меѓународно искуство, информира Агенцијата за филм.

Би можело да ве интересира

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ

„Бизнисот на задоволството“ почна да се прикажува пред македонската публика

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“