Православниот храм „Св. Наум Чудотворец“ во Радишани, во кој почиваат последните два архиереи на Македонската православна црква, г.г. Михаил и г.г. Гаврил се разубавува со забрзано темпо.
Покрај фрескоживописот на кој активно се работи, викендот беа монтирани два кристални лустери од македонска изработка.
Имено, централниот кристален полилеј е со гигантски пропорции од 3×4 метри и е тежок над половина тон, а освен него е поставен и уште еден помал во олтарот. Осветлувањето на црквата треба да биде докомплетирано со уште три полилеи.