Денеска ќе се одржи основачко собрание на новиот турски парламент

Од:

Денеска ќе се одржи основачко собрание на новиот турски парламент, на кое 550 пратеници од новиот состав ќе положат заклетва, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.

Согласно вообичаената пракса со првата седница на новиот парламент, што ќе почне во 15 часот, ќе претседава најстариот од пратениците Дениз Бајкал од Народнорепубликанската партија. Тој времено ќе ја преземе функцијата од претходниот претседател на парламентот Џемил Чичек.

Првата седница на парламентот се очекува да трае околу десет часа, така што постапката за положување заклетва одзема околу една минута за секој пратеник.

Изборот на нов претседател на парламентот ќе даде сигнали за процесот на формирање на владејачка коалиција. Пратениците што сакаат да се кандидираат за функцијата ќе треба да поднесат молба до полноќ на 27 јуни, а првиот круг од гласањето ќе биде на 28 јуни.

Во првите два круга од изборот за претседател на парламентот е неопходна поддршка од над две третини од вкупниот број пратеници, а во третиот се користи апсолутно мнозинство. Во четвртиот круг на гласање победник е кандидатот што ќе добие најмногу гласови.

Парламентарните групи на политичките партии немаат право да номинираат кандидат за функцијата претседател, за да се гарантира дека претседателот ќе биде избран од парламентот како целина.

Партијата на правдата и развојот АКП освои 258 места во парламентот на изборите на 7 јуни, а втора е Народнорепубликанската партија со 132 пратенички места. Партијата за национална акција и прокурдската Демократска партија на народите имаат по 80 пратенички места.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ