ЛДП бара одговорност за пречекорување на полициските овластувања на 5 мај

Од:

Либерално-демократската партија изразува сериозна загриженост по последниот извештај на светски реномираната организација „Хјуман Рајтс Воч“, каде е констатирано дека припадниците на Единицата за брзо распоредување употребиле прекумерна сила кон демонстрантите на 5-ти мај годинава. При тоа, “Хјуман Рајтс Воч“ напоменува државата да не го сокрие под „тепих“она што се случувало таа ноќ.

Интегрален текст од соопштението на ЛДП:

Либерално-демократската партија се придружува кон заложбите на “Хјуман Рајтс Воч“ за одговорност на сите инволвирани полициски службеници од ЕБР кои ги пречекориле своите овластувања и употребиле прекумерна сила кон насобраните граѓани, како и за нивните наредбодавачи.

ЛДП на 8-ми мај поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за бруталноста на полиција врз студентите во Градската библиотека “Браќа Миладиновци“. Во полицискиот упад во библиотеката, на телесни повреди се пожалија неколку студенти, кои се најдоа затекнати во тој момент.

Обвинителството отвори предмет за овој случај и од Либерално-демократската партија официјално побара докази за насилното однесување на полицијата. Нашата партија ги достави и аудиоснимки по што ја очекува конечната одлука на обвинителството.

Како партија, апелираме до истражните органи во државата што поскоро откривање на насилниците во ЕБР и преземање на одговорност, како јавни службеници, платени со парите на даночните обврзници, кои се задолжени да го штитат јавниот ред и мир, а не со ќотек и насилство да се изживуваат врз граѓаните.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство