Шекеринска во Брисел

Од:

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска е во Брисел кадешто покрај состаноци во ПЕС (Партија на европски социјалисти) ќе има средби и со високи претставници на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија и на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

На средбите Шекеринска ќе ги акцентира принципиелните ставови на СДСМ со коишто настапува партијата во разговорите, барајќи начини за решавање на длабоката политичка и државна криза во Република Македонија.

Шекеринска ќе истакне дека создавање минимални услови за одржување на фер и демократски избори, во транзициски период до април наредната година, подразбира ослободување на институциите од партиската контрола наметната од Никола Груевски и неговите најблиски соработници.

За тоа да се случи, разумни се аргументите дека е неопходно повлекување на Никола Груевски најмалку 6 месеци пред изборите.

Дополнително Шекеринска ќе изрази задоволство од јасните пораки содржани во Извештајот на експертската група на Европската комисија, изготвен од Рајнхард Прибе, којшто укажува на сите злоупотреби на власта предводена од Никола Груевски.

На последниот Конгрес на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) земеник претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, беше избрана за член на Претседателството на ПЕС со нов четиригодишен мандат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците