Владина пропаганда од пола милион евра ќе ги поттикнува граѓаните здраво да живеат и често да вежбаат

Од:

Владата ќе издвои пола милион евра за пропагандни реклами со кои ќе ги поттикнува граѓаните на здрав живот и на физичка активност како превенција од хронични заболувања. Ова е уште една од серијата маретинг кампањи со кои Владата навлегува во приватниот живот на граѓаните и нивните лични одлуки.

Попрецизно 544.784 евра ќе бидат потршени за „набавка на услуги за осмислување и реализација на кампања за поттикнување на населението за водење севкупен здрав живот, како и подигање на свесноста за значењето и влијанието на редовната и зголемена физичка активност, врз примарната превенција од болестите и хроничните заболувања“, како што стои во описот на набавката.

За 230.314 евра, агенцијата „Њу момент, њу идеас“ ќе биде задолжена за Подготвување и реализација на медиа план, закуп на медиумски простор за електронски и печатени медиуми и внатрешно и надворешно рекламирање. „Омега комуникејшн“ ќе добие 211.810 евра за идејно решение и изработка на ТВ спотови и за идејно решение и изработка на радио спотови. Друштво за маркетинг и консалтинг „Маркет висион“, пак, склучи договор на 102.660 за идејни решенија за знак, лого, принт огласи, адаптација за надворешно рекламирање (мегалајти, билборди и автобуси) и адаптација за внатрешно рекламирање (лифтови, влезови и сл.)

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места